Здраво убај љуѓе на планетава Земја, честитки до земјата шо не крепи вакви какви шо сне! Битолцизми ти се зборој шо се користат само во Битола. Добро де, можи не само и само во Битола, ама само битолчани можат да ги разберат ко шо треба.

Пишувам јас, Златко Самарџиев, викан Кекел, ама ако ме викаат од подалеку, тогаш викаат КЕКЕЕЕЕЛЛЛ!

КУКУЛАЌЕ

Момент малку се извинувам, комшивката нешто ме бара, на врата е.

Кажи шо рече дека ти треба? КЛУУЧ? Дванајска окаст? И шми-шо? Шмицангла? Знајш шо? Ај дој попосле, не мом сега оти на радио зборам. На радио зборам ти велам.

Се извинувам. Кај застанавме? Ах да, КУКУЛАЌЕ

Се сеќавате на ЧИНГЕЛАЌЕ? Е ова е мајка му. Кукулаќе е подебело и подолго чингелаке. Служи за плетење, но со подебела вуница и со поголеми празнини во плетилото, да речиме блуза женска која не е баш блуза бидејќи поќе открива одшто покрива па се носи врз кошула, за да биди како украс.

Другарка пак една ми рече дека таја како чупе мало користела кукулаќе за фаќање на косата, нешто како шнола со флип флап прелапнување на шнолата. Нагоре се отвора, надолу стега прамен коса.

ПУФЛА

Пуфла, секогаш дотерано и намирисано чупе ама не од градо, туку дојденка, без усул, и намус, презборва, оговара, за сите други знај и сите се никакви, таја е најтамам и пренајуба.

МАНДАК

Мандак, мандак е нешо ко кабадаја, со џепо празен На приимер…Му се смеј на келнеро шо работи за 200 стотки дено, а ој на кафе со 50 ден од татко му, или нема пари за нафта а вози BMW, Нема сколија а ум продава, и носи марка партали на кредит.

КАБАРДИСА

Кабардиса…значи капна-замрзна…дојде, кабардиса-заборај да си замини!

ЏАДЕ

Џаде, е неаслфатиран пат, се користи и како изрека ко ќе те изнервира некој “ај фаќај џадето да не те гледам појќе”

Извор Плагијат

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here