По повод годишнината од трагичните настани во кумановско Диво насеље, денеска се одржи традиционалната меморијална велосипедска тура „Почесен круг со велосипеди во чест на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи“, на која ќе учествуваат околу 150 велосипедисти меѓу кои и нашата битолчанка Мартина Николовска која беше единствената од Битола.

– Турата започна од влезот во Куманово и продолжи по автопатот до Скопје, потоа низ Скопје, до гробиштата во село Студеничани, „Камник“, село Стајковци, гробиштата „Бутел“, касарна „Илинден“ и „Ѓорче Петров“, од каде ќе продолжи по автопатот до Тетово – градски гробишта, село Брвеница, во продолжение по автопатот до село Зубовце (Гостивар) и ќе заврши на гробиштата во Гостивар, каде сѐ погребани сите загинати припадници на безбедносните сили, соопшти МВР.

Хероите живеат вечно, слава им !!! 🇲🇰

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here