…Таа е дама. Парижанка со музикално уво, како што и рекоа соседите французи кога за прв пат почна да го изговора нивниот јазик. И беа во право…

Мери е родена битолчанка од Арнаут маало. Со големо паметење за луѓето и традиционална Битола. Уште од малечка, покажува исклучителен талент за цртање и музика. Завршува средно и Висока музичка школа, но цртањето и останува голема љубов. Животот ја носи во Франција, во Париз. Нејзиниот прекрасен сопруг е вистински муабетчија. Научник, и член на Француската академија на науките. Таму Мери се зачленува во локалниот Културен центар каде започнува да ја изучува техниката на цртање во порцелан како и изработка на порцелан. Работа со бои, злато, техники на печење. Порцеланот го купува исклучиво во Лиож. Тоа е најдобриот порцелан на светот. А Мери е битолчанката која му дава душа и го оплеменува… Во живо битие.

Мери поздрав.

Приказната за Мери е дел од проектот “Раскажија својата приказна”

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here