Битолчанката Оливера Пајани е дел од тимот кој досега ја доби најголемата пресуда против тутунските гиганти Империал Тобако, ЈТИ-Мекдоналд и Ротманс-Бенсон и Хеџис на кои апелациониот суд во Квебек ја потврди историската пресуда со која им нареди на овие тутунски компании да платат милијарди долари на штета на пушачите од Квебек.

Империал Тобако, ЈТИ-Мекдоналд и Ротманс-Бенсон и Хеџис поднесоа жалба до одлуката со која компаниите треба да исплатат енормна сума за здравјето на своите клиенти.

Филип Трудел, дел од адвокатскиот тим за заштита на пушачите кој го води овај процес ја нарече денешната одлука на Апелациониот суд комплетна победа и одлична вест за жртвите.

Во јуни 2015 година 76 сведоци сведочеа пред судијата на Врховниот суд во Квебек, Брајан Риордан, кој им наложи на компаниите да платат повеќе од 15 милијарди долари за сите нив кои или се разболеле или биле заболени од рак на грлото и градите …

Инаку битолчанката Оливера Пајани е повеќе години во Канада, универзитетски образована во
Université de Montréal и моментално е дел, партнер со фирмата која се справува со комплексни правни случаи вклучувајќи телесни и лични повреди и случаи на медицинска небрежност, класни акции и одговорност за производ и прашања поврзани со осигурување.

Оливера постапувала и успешно го доби првиот случај кој ја потресе Канада против сексуална злоупотреба на религиозниот кор во провинцијата Квебек во врска со сексуалното злоставување на студенти и друг комплексен предмет на злоупотреба извршена врз глуви деца во интернат. Истотака и големата оштета од над 130.000$ која ја доби за канадски граѓанин кој се лизнал и паднал на замрзната улица и многу други предмети.

Клиенти на Оливера често се жртви кои претрпеле сериозни повреди и трауми. Таа секогаш дава приоритет на човечкиот елемент во такви работи и се стреми да осигура дека клиентите се чувствуваат удобно во текот на судскиот процес. Вистинска и одговорна битолчанка.

Те поздравуваме Оливера!

https://www.huffingtonpost.ca/2019/03/01/imperial-tobacco-jti-macdonald-and-rothmans-benson-hedges-ordered-to-pay-smokers-who-couldnt-quit-quebec-court_a_23681977/

https://kklex.com/attorneys/olivera-pajani/