Битолчанецот Васко Михалчев денес на 14.8.2019 г. (среда) учествуваше во херојска битка за совладување на огнената стихија, управувајќи еден од авионите на Дирекцијата за заштита и спасување кои беа вклучени во гасење на шумскиот пожар во с. Велмеј – Општина Дебарца.

Инаку во нивното соопштението е образложено дека чокрај авионите на Дирекцијата за заштита и спасување во справувањето на шумскиот пожар во која гори Дабова шума ангажирани се и ЈП Национални шуми – Галичица и ТППЕ Охрид.

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Васко Михалчев на враќање од успешната акција

Дирекцијата за заштита и спасување во справувањето со шумскиот пожар е вклучена по барање на градоначалникот на Општина Дебарца и од препораките на Подрачното одделение при Дирекцијта за заштита и спасување од Охрид.

Ви го пренесуваме и апелот на Дирекцијата за заштита и спасување која до сите граѓани и институции апелира да се придржуваат согласно препораките за забрана на движење во шумите и шумски предели.

Се надевам дека Велмевци се спасија бидејќи голем беше пожарот” – ни потврди Васко…

Секоја чест господине Васко!

Повеќе за нашиот херој

1.https://www.babambitola.mk/bitolchanecot-koj-so-avion-go-gasneshe-pozarot-na-pelister/

2.https://www.babambitola.mk/%D0%B4%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B7%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BC%D0%B5-%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5-%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D1%85%D0%B5%D1%80%D0%BE%D1%98/

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here