Една интересна фотографија испратена од Гоше Стевановски. При снимањето на филмот Партизанска ескадрила како статисти се земени пилоти од Битола (кои служеа АРМ како пилоти на ВВ при ЈНА).

Под бр. 1 е Гоше Стевановски, под бр.2 е Ристевски Благој Стопар (починат), а учествуваа и други пилоти кои се сега починати Михајло Атанасов и Благој Кукуловски.

Во овај култен филм имаше 4 статисти од Битола и доста од Република Македонија кои беа на отслужување на воениот рок како резервни офицери.
Во средина е Злата Петковиќ, долу десно Гоше а пред неа Благој Стопар.

Инаку Партизанска ескадрила е игран филм од 1979 година каде главните улоги ги толкуваа Беким Фехмиу, Бата Живојинович, Радош Бајич и Љубиша Самарџич.

Од нас едно мало внимание за сите со голема благодарност до Перица Поповски. Филмот го имате тука

https://youtu.be/bwbSm7JWMss