Најстариот битолски афористичар Никола Талевски, познат во јавноста под псевдонимите Кољо Битољо и Ристо Модернисто.

Со хумор и сатира се занимава скоро половина век, имаше свои емисии на Радио Скопје и Радио Битола, а афоризми му беа објавувани и наградувани ширум поранешна Југославија. Денес е уредник на списанието „Инфо магазин“ , никогаш не се откажал од хуморот, напишал илјадници афоризми и скечови. Повеќе за него тука на овој линк…

https://sdk.mk/index.php/neraskazhani-prikazni/kako-shto-pagaa-fabrikite-taka-padnaa-i-humorot-i-satirata-veli-aforisticharot-nikola-talevski/

Битолскиот магазин за хумор и забава „Без навреда“

„Без навреда“ веќе 13 години е месечна доза од вицотеката на уредникот Панде Димитровски и карикатурите на Блаже Докуле, Владо Крстевски, Миле Милевски и други. Двесет и четирите страници изобилуваат со стотина вицеви, афоризми и друг хумор, затоа што кој се смее, зло не мисли.

Стенд ап комичатот Кристијан Танчевски.

Во 2014 г. имаше 18 години кога изработи Стенд Ап шоу по сопствена идеја и ги освои срцата на битолчани и битолчанки како ученик во Средното економско училиште „Јане Сандански” во Битола, училиштето каде по грешка родители од едно битолско село имаат присуствувано на друг родителски, додека нивната ќерка учела во Гимназија.
Сега има 22 г. ако не му е роденден во декември.
Неговата животна мисија е да споделува бидејќи тој е среќен кога гледа дека направил некој друг среќен, и го насмеал макар за миг. Погледнете го одблиску

Љупчо Крстевски е уште еден од многуте комичари од Битола кои имаат допринесено за афирмација на нашиот град, битолски говор и менталитет. Учествуваше во скечевите од култната К-15 продукција, каде улогата ја доби како еден од најталентираните млади учесници во аудиција која беше одржана на ниво на цела Македонија. Моментално е сингл. Или не? Да го поздравиме …

Маријан Георгиевски е роден битолчанец од Бајро. Сега (пред четири години) е женет и низ битолските улички е забележан како вози количка со дете. Дете домаќинче. Претежно е зафатен во битолскиот Театар каде работи и допринесува за големиот углед на оваа институција. Без него ништо. И како актер и како режисер. Голем шегобиец. Посетителите сеуште ги бараат неговите големи смешки на неговиот популарен Јутуб канал. Досега никој како него нема дар/мар направено. Еве изволте една епизода:

Љупчо Петров. Стенд ап комичарот од населба Ушици. Човекот кој сигурно ќе ве насмее до солзи ито со плачење ќе си одите дома. Комплет заедно со неговата заразна насмевка и смеа која може да потрае и неколку минути. Последно со неговите стенд ап комедии е забележан во Хотел Театар, за сега немаме инфо… Контакт телефон инбокс.

Солза и смеа
Драмското студио „Солза и Смеа“ е формирано на 7 Февруари 1996 година во Битола. Како аматерско студио кое работи и функционира во рамките на Центарот за култура во Битола ја има и првата премиера за претставата „Лонг плеј”. Неколкуте години активна работа го креваат нивото на студиото и претставите почнуваат да бидат се повеќе посетени. Со неколку падови и воздигнувања, и неколку променети жанрови, низ Солза и Смеа поминале неколку генерации на актери и режисери кои денес професионална се занимаваат со тоа низ театрите во Македонија и надвор од неа.

Солза и Смеа денес е приватен театар каде работат и професионалци, насочен кон комедијата како жанр кој членовите во театарот го негуваат во сите свои претстави дома, како и на фестивали во странство, каде театарот има земено учество. Доказ за тоа се големиот број на награди и пофалби низ фестивалите, како и успешнате турнеи во Австралија.

Празни муабети, ново комично шоу на националната 1ТВ со нови откачени ликови!

Неделна доза на луд хумор и приказни за кои ќе се зборува! Уживајте во единственото хумористично шоу кое ќе ве насмее до солзи во продукција на ДЕЛ АРТЕ.

Сабота 16:15 часот (премиера) 1 ТВ
Недела 12:15 (реприза) 1ТВ

Недела 22:15 ТЕРА ТВ

И…за крај разбира, како шлаг на цела торта нашио ван енд онли бт екселенси Томи Димовски од Бајро

Лабаво: Како звучи ехото на Бајро?

…………………………………………………………..

Упс…Ферди проштевај!

Дали од каблите шо се палат или од нешто друго, има причина која го прави Бајро за респект.

https://youtu.be/C0dytpOKn-A

Лабаво: Абе брат, кај си?…стигна до половина милион прегледи