Спортска опрема-тренерки, дресови и патики, како и спортски реквизити беа донирани за децата со посебни потреби кои тренираат кошарка со кошаркарот Голубовиќ.

“Идејата за оваа хуманитарна акција произлезе од мој пријател, Тони Јошевски, кој живее и работи во САД. Пред извесно време ми се јави и ме замоли да дојдам да видам во какви услови тренираат децата со посебни потреби и со што може да помогне. Стапив во контакт со Голубовиќ, разговаравме околу тоа какви потреби имаат децата и заклучивме дека им недостига спортска опрема-тренерки, дресови и патики, како и спортски реквизити, кои ги набавивмe со помош на спонзори, а исто така обезбедивме и новогодишна ќеса за секое дете.

Главен донатор е Тони Јошевски од САД,

Тони Јошевски со неговата сопруга

потоа Синдикалната подружница на РЕК Битола, продавницата за автоделови „Татар“ од Битола, продавницата за спортска опрема „Лукас“ од Битола, како и фабриката за спортска опрема од Прилеп.

Идејата беше да им помогнеме на овие деца, но и да ги поттикнеме другите поединци и фирми да се вклучат, да донираат и да помогнат на овие ранливи категории“, рече Менде Фидановски, претседател на Синдикалната подружница на РЕК Битола.