На Kickstarter трае кампањата со која се собираат средства за Tittanium Spoon, лајче за кафе кое се гризи и не се троши. Лајчето ќе овозможува задоволството од ритуалот на гризење да трае подолго време и истото да остане неоштетено.

Кампањата на Kickstarter досега собра повеќе од 47.000 долари од 30.000 поддржувачи меѓу кои 29.000 се од Битола, додека другите 1000 со лајчето сакаат да положат за битолчани.

Системот Tittanium Spoon Lover го осмисли битолчанецот и најголемиот љубител на кафиња Спиро Божиновски откако сфатил дека многу битолчани не сакаат да го фрлат лајчето за кафе, бидејќи љубовта кон него е голема и сакаат да им трае преку цел ден.

За истото ќе има и футрола која ќе биди со доплата од 5$.

Поддржете го овај проект и донирајте за доброто на секој битолчанец.

Денес е први април ден на шегата малку и ние да се пошегуваме и олабајме…