Здраво на сите, моето име е Иле Стојчевски роден во Македонија, израснат во Битола и изминативе 15 години работам и живеам во Чикаго во САД.

После неодамнешната посета на Битола, имав желба да го посетам училиштето каде ги завршив моите први 8 години училишно образование, ОУ „Климент Охридски“ лоцирано во Нова Битола.

За време на посетата, се запознав со сегашниот Директор на училиштето и Специјалниот воспитувач кој работи со деца со посебни потреби. Одејќи низ училниците вниманието ми го привлече фактот дека во тоа училиште има две деца со посебни потреби, едното има потешкотии во одењето, а другото е со инвалидска количка. Ми кажаа и дека двете деца оваа училишна година ја започнуваат на вториот кат од училиштето, а родителите заедно со нивните училишни работи ги качуваат нагоре и ги симнуваат по неколку пати секој ден, што е малку ризично.

За таа цел ова училиште има одобрени планови и понуди од лиценцирана фирма за да вградат сопствен лифт (станица за лифтови) за овие деца.

Во Битола има повеќе деца со посебни потреби и по завршувањето на овој проект ќе можат сите да се префрлат во ова училиште и да имаат можност нормално да се дружат со другите деца меѓу часовите.

Проценетата цена на проектот е околу 13500 евра или 16000 УСД, средства што училиштето ги нема, а немаат и родителите кои треба да платат за да го остварат овој проект. Целта ми е да покажам дека работите се можни со хуманитарна акција, ајде да се обидеме да им дадеме на овие деца среќа и шанса да имаат нормални училишни денови и да не се чувствуваат хендикепирани од состојбата во која се наоѓаат.

Иле Стојчевски со неговата фамилија

Се надевам дека со ова ќе допреме до многу луѓе и ќе го направиме тоа. Сите ќе направиме мала донација овде за голема промена во животот на овие деца. Да се обидеме да ја собереме целата сума и да помогнеме овој проект да се заврши.

Однапред ви благодарам на поддршката.

Вашите донации од секаде на светот на овој линк ТУКА