Светски познатиот кларинетист, битолчанецот Горан Бојчевски со неверојатна изведба на кавал направи спој на македонската езгија и музиката од Игра на тронови

Роден 1982 година во Битола, Бојчевски влегува во редот на кларинетистите кои излегле од класата на ценетиот професор Панде Татарчевски.

Како повеќекратен добитник на први награди на републичките натпревари, тој школувањето го продолжи на Факултетот за музичка уметност во Скопје, за да во 2006 година дипломира со највисока оцена во Љубљана, Словенија.

Настапувал како солист на Академскиот симфониски оркестар, бил член на Оркестарот на Словенечката опера и балет, како солист на Симфонискиот оркестар на РТВ Словенија во 2009 година свирел во Париз на примопредавањето на претседателствувањето со Европската унија, за да потоа магистрира на престижниот Универзитет „Моцартеум„ во Салцбург кај светски познатиот кларинетист и член на Берлинската и Виенската филхармонија – Алоис Брандховер.

Бојчевски има снимено неколку албуми со класична музика, а како солист настапувал и во Англија, Франција, Ирска и во други земји.
Многумина го сметаат за еден од најдобрите кларинетисти на светот…

Целосното видео тука…