Дунимагловска Весна (1976), макeдонска спортистка, првата учесничка на Зимските Олимписки Игри од Македонија.

Како што ја пишуваа сите тогашни весници, гордост на нашиот град, гордост на нашата Битола. Пиетет кој сеуште го носи во себе и со која се гордееме ние битолчани. Баш снегулка меѓу звездите!

Самите исечоци од списанија можат нај оригинално да Ви го доловат сето тоа. Затоа слободно ќе Ви ги презентираме.

Родена 1976 г., во Битола. Основното и средното образование ги завршува во Битола. Дипломира на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, а магистрира на Универзитетот на уметностите во Белград и се стекнува со звањето магистер во областа на мултимедијалната уметност. Со спорт почнува да се занимава уште како дете во родната Битола. Од 1982 до 1994 г. член е на скијачкиот клуб „Пелистер“.

Апсолутен шампион е на Република Македонија во слалом и велеслалом во своите категории.

Во 1986 г. го освојува второто место во слалом, на Балканското првенство во Бурса – Турција, а во 1990 г. третото место на Националното првенство на Бугарија.

Во 1990 г. е државен шампион на Република Македонија во повеќе бој – гимнастика.

Во 1992 г. учествува на Југословенското првенство на Бјелашница – Босна и го освојува првото место во слалом и второто место во велеслалом.

Истата година учествува на ЗОИ Албервил во Југословенската алпска скијачка репрезентација. Двократен спортист е на годината на Битола, двократен спортист на годината од списанието „Скок“ и е во 10-те најуспешни спортисти на Македонија од СОФКА.

Гордост ни е што сеуште си наша сограѓанка. Ти благодариме Весна…