Деновиве во Битола (се мисли најверојатно 60/70-ти) заврши деветото Републичко првенство во едриличарство. Инаку уште на самиот почеток треба да одбележиме дека истото на двапати беше прекинувано лошото време.

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Во генералниот пласман прв е Благој Кукуловски член на
Едриличарскиот клуб Битола со 3352 поени, пред Миле Николовски од Скопје со 2752 и Трајан Теговски од Битола со 2671 поен.

Требаше де се возат пет трки но поради лошото време се одржаа само четири.

Во прелет со цел и враќање (патека Битола Прилеп .. Битола долга 80 км) победи Миле Николовски од Скопје со 1000 поени. пред Благој Kyкуловски од Битола со 874 и Стеван Матеиќ од Скопје со 817 поени.

Во втората трка прелет со цел и враќање патеката Битола-Ропотово Битола долга 94 км, победи Тодорчо Пановски од Куманово со 900 поени, пред Благој Кукуловски од Битола со 682 и Миле Николовски од Скопје со 472.

Bo третата трка на патеки Битола -Гостиражди Битола (долга 110 км) победи Трајан Тегов од Битола со 1000 поени, пред Благој Кукуловски исто така од Битола со 840 и Миле Николовски од Скопје со 807 поени.

Ha патеката Битола- Caрадиново-Битола победи Драги Ивановски од Битола со 1009 поени пред Благој Кукуловски (Битола) 966 и Трајан Тегов (Битола) 749.

Исечок од стар непознат весник

Поздрав до фамилија Кукуловски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here