Битолчанецот Мирко Ивановски и официјално е нов фудбалер на хрватскиот клуб Хајдук Сплит, 28-годишниот интернационалец на „Пољуд“ се сели од тимот на Славен Белупо, каде имаше извонредна сезона и со 15 гола заврши како трет стрелец во ХНЛ.

Во изминатите две сезони во шампионатот на Хрватска, Ивановски запиша 66 настапи и постигна 27 гола, со што се изгради како еден од најдобрите стрелци во првата ХНЛ.

Македонскиот напаѓач својата кариера ја започна во тимот на битолски Пелистер, а потоа настапуваше и во Македонија ЃП, Славија Прага, Арка во Полска, романските Астра и Клуж, унгарски Видеотон и во Болуспор.

За репрезентацијата на Македонија запишано 27 настапи и постигна еден погодок.

Извор Гол.мк