Кога Бог соединува, тука нема грешка. Тој соединува луѓе, а не документи. Бог сака соединување на маж и жена во Божји брак, во чија основа подразбира исконска љубов, една и единствена. Во таков брак живеат само оние што се благословени од Него, а такви се малкумина.

А човекот пак измислил соединување на маж и жена, со документи за брак. Бог на тоа се смее и продолжува да ги соединува душите, но така како што Тој сака. Тој си има Свои причини и начини. Но, човекот го плаќа данокот заради тоа што се обидува да ја преземе улогата на Бог.

Мислите дека душите се соединуваат, така што ќе се земат два листа хартија, ќе се стави врз нив потпис и печат и дека таквото соединување ќе трае за век?! Сигурно цело небо ни се смее на тој немоќен човечки обид за имитирање на Бог. А за тоа време, додека човекот ја слави својата измислена моќ, душите сè уште се слободни и талкаат барајќи се себе си. Го бараат делот што им недостига за да можат да живеат, трагаат по својата близначка душа за да можат да ја почувствуваат смислата на своето постоење…
Место посвета

Ова е само вовед во романот Души Близначки 11:11 чија што промоција беше во Битола на 11.11.2018 во 11:11 часот на нашата сограѓанка, битолчанка, професорката Весна Здравковска Трајковска.
Таа во враска со романот кој неодамна го напиша, меѓу другото вели:
Јас ништо не измислив. Јас само препишав дел од историјата на љубовта…

Тој датум 11 ноември 2018, кој случајно беше одбран за промоција на романот, беше и најмоќниот ден во овој XXI век, за кој научно се зборуваше и по медиумите.

Професорката, односно писателката на оваа книга, Весна З. Трајковска беше гостинка во утринската програма на ТВ Телма.
Преку следниот видео клип можете да го видите нејзиното гостување во емисијата.

Битола од секогаш раѓала таленти со кои можеме да се гордееме.

Честитки и од нас за издавањето на овој роман и ви препорачуваме да го прочитате. Роман кој ќе ве остави без здив.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here