Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ заедно со вас и фотографиите од Битола во минатото. Денес Ви прикажуваме фотографија од германски фотограф која е направена пред Првата светска војна каде јасно во перспектива се гледа Исак џамија и некогашните еврејски дуќанчиња на тогашната улица Војвода Путник (Иван Милутиновиќ, а сега Филип 2-ри Македонски) и познатата Шехерезада.