Трето издание на туристичката мапа на град Битола за сезоната 2019/2020 година

Трета година по ред двајца наши сограѓани, ентузијастички се обидуваат да допринесат за полесно снаоѓање на туристите во Битола и нивно движење кон местата од интерес за истите.

За таа цел, поучени од странски, но и домашни искуства, го подготвуваат најновото издание на туристичката мапа на Град Битола, овој пат збогатена со туристичка брошура.

Во неа ќе може да се најдат низа интересни информации кои го прават нашиот град посебен и атрактивен за туристите, најпопуларните манифестации кои се одржуваат во текот на годината, оддалеченоста на Битола од останатите регионални центри, спецификите на Националниот Парк Пелистер, патеки за движење и рекреирање во истиот итн.

Туристичката брошура ќе биде испечатена во 15.000 примероци кои бесплатно ќе се поделат на педесетина локации во државата и тоа:

Локалитетите и објектите атрактивни за туристите кои го посетуваат градот и регионот (Хераклеа Линкестис, Музеј на Град Битола, Магазата, Зоолошката градина, Музеј на народни носии)

Граничниот премин Меџитлија

Инфо Центарот во Националниот Парк Пелистер

Голем дел од угостителските објекти во Битола, но и во Охрид, Преспа, Скопје, Крушево итн.

Доколку и вие сакате да бидете дел од највлијателниот начин за презентирање на вашата компанија преку печатен материјал пред многубројните домашни и странски гости, ова е идеална можност за тоа.

Тимот на bitolatouristmap е отворен за соработка и стои на располагање за секоја идеја, предлог и собирање на материјал.

Контакт на Е-маил: [email protected]

Или на телефоните: 075 57 20 37 (Горан) и 076 299 102 (Иван)

Фотографиите се од ланското издание Bitola Tourist Map 2018/19