hdr

Уште вечерта со температура од -13 кај 18:00 ч. па -19 во 00.00 ч. навестуваше дека утрото во Битола со -21 степен Битола ќе биде најстудениот град во Македонија.

-17 беа измерени во Берово, -15 Струмица, -14 Прилеп, Демир Капија, -12 Лазарополе, Крушево, -11 Маврово, -10 Штип, Крива Паланка, -9 Скопје Петровец, Охрид, Претор, Пожаране, -8 Дебар, -7 Гевгелија, Куманово, -6 Скопје Зајчев Рид, -4 Дојран.

Времето денеска променливо облачно. Локално, особено во северните делови, ќе има слаби врнежи од снег. Попладне во централните и јужните делови ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен северозападен ветер.
Максималната температура ќе достигне од -4 до 4 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури под или околу нулата. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под -10, а на повеќе места и под –15 степени. Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат во среда.