“Битола на Драгор” претставува формирање на нова урбана поента во центарот на Битола, во продолжетокот на оската на Широк Сокак, преку редефинирање на односот на градот кон реката Драгор, односно нејзиното вклучување во градскиот живот како елемент од генеричко
значење за формирањето на самото јадро и на амбиентот на Битола.

Проектот подразбира воведување на сообраќаен режим и дислокација на дел од булеварот “1 Мај”, што овозможува формирање
на платформа на поврзување на содржините од двете страни на реката Драгор, а преку
постепено спуштање на теренот од паркот кон реката се креира квалитетен простор за
релаксација на битолчани.

Формирањето на крајречен пејсаж подразбира физичко приближување на реката кон граѓаните преку интервенција врз нејзиното корито.
Станува збор за воведување на каскадно спуштање кон коритото по принципот на креирање топографија која од различни правци го спушта посетителот до реката.
Преку интерполација на павилјони во теренот, крајречниот простор поприма додатни содржини, кои ја акцентираат урбаноста на просторот. Идејата строгиот градски центар да се претвори
во исклучиво пешачка зона-ориентирана и отворена кон реката, го нагласува јавниот
карактер на интервенцијата.

Автори Дејан Томски и Мира Рориќ

Погледнете како сето ова би изгледало: