Понуда од блогот на Traceycroke: Бидете ренџер во друштво со мечките на Пелистер и возете планински велосипед

Дека Пелистер може многу да понуди во развојот на туризмот со планински велосипедизам ни раскажуваат сите странци кои го имаат посетено, сѐ имаат воодушевено од него и со тоа ги запознаваат сите нивни другари, пријатели, следбеници, нешта кои за нас сеуште не се сфатливи за да ги направиме или уште повеќе на повисоко ниво да се ги промовираме секако во соработка со локалната самоуправа која мора да биде носител на сето тоа.

Трејси Крок или по наше нека биди Трајанка Крок, светски награден патувачки новинар, писателка и блогерка, љубител на планински велосипедизам (mountbiking) која пишува и раскажува на нејзиниот блог www.traceycroke.com
од нејзините авантури од Авганистан, Етиопија, Киргистан па се до Европа и Австралија каде ги добива и престижните награди, за среќа стигнува до нашата, како што вели Магична Македонија, за која меѓу другото раскажува за делот кој е во под Пелистерието, дека е прекрасно да се вози точак на планина и дека…

“Македонија е една од ретките области во Европа, каде што кафеавите мечки талкаат слободни без граници. Поминете пет дена пешачење во шумата заедно со искусни ренџери од паркот. Дознајте за однесувањето на мечките и како Македонија ги поврзува туризмот, локалното население и заштитата на мечките и други диви животни…”

Тука имате повеќе и претежно е раскажано за Македонија…

http://www.traceycroke.com/

…А ние битолчани, јавно му благодариме на Трајанка (Tracy) за нејзината промоција. Во околината на Битола има безброј велосипедски патеки кои се погодни за планински велосипедизам и да се надеваме дека еден ден сето тоа еден ден ќе биде обележано и на дланка за нас и странските туристи…

Вашата прва станица за посета на Пелистер