БИТОЛА град со голема историја некогаш синоним за култура, град на Конзулите, град полн со живот преплавен со талентирани и способни луѓе, расадник на спортисти, град со силен Пелистер град со многу титули и признанија, град на Кабадаи, град на духовити луѓе полни со живот, град на луѓе со манири!!! Некогаш еден од најразвиените градови во нашата земја…

НЕКОГАШ…..

Денес БИТОЛА ЖИВЕЕ НА АПАРАТИ

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Голем дел од нашите другари,пријатели,роднини веќе се иселија а останатиот дел планира да замине негде за подобра иднина…се помалку насмеани луѓе се помалку насмевки, Градот на Конзулите станува Градот на Тишината кој живее 3 месеци од иселениците кои се враќаат на одмор тука, нема големи спортски резултати нема добри услови за спортот владее безредие, културните манифестации се лимитирани,се помалку Кабадаи се повеке БРИЧОЈ…. доволно е долг статусот а сепак краток на тоа колку може уште да се набројат работи што тогаш ги имавме а сега не постојат….

ОВАЈ ГРАД НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА УМРЕ ЗАРАДИ ПОЕДИНИ ЧОВЕЧКИ ИНТЕРЕСИ…ОВАЈ ГРАД НЕ СМЕЕ ДА УМРЕ

Порака до сите кои го водат градот кои се на позицијата која му ја дале Битолчани нека проработи вашиот МОРАЛ борете се за подобра иднина на сите не само на вашите најблиски и вашите лични интереси.Бидете луѓе не ЃУБРИНА И ЗА КРАЈ
#БидиКАБАДАЈАнеБидиБРИЧиБериУмДАнеБеришЗАБИ!!!🤝

Јованчо Павловски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here