Банкарот и филантроп Албер Кан (1860-1940) ја направи најголемата светска колекција од фотографии која се состои од аutochrome (фотографии во боја на стаклени плочи) од најразлични места во светот, во црно бели и колор фотографии кои ден денес се зачувани во одделенскиот музеј Алберт-Кан.

Бидејки почетокот на ХХ век иницира големи промени и исчезнување на одреден начин на живот Алберт Кан започнува со собирање на културните обичаи и знаменитости од педесет земји. За таа мисија му помагаат педесетина вработени помеѓу 1909 и 1931 година и се создаде оваа архива од најразлични места низ светот. Вкупно повеќе од 72.000 плочи аutochromes, 4000 стереоскопски плочи и серија на филмови (100 часа на проекција) беа собрани и сега се во одделот на музејот Алберт Кан во Париз.

Во нивната мисија се најде и нашата Битола, тогашен Монастир…

Поглед према Битола од турските гробишта кај Ушици

Скршена џамија, сегашни згради Грозд
Во еврејското маало Јеудихана или Лос Кортижос (Голем двор)
Еврејки во нивната традиционална носија
Евреин во старата битолска чаршија
Внатрешноста на синагогата Арагон, сегашен уред др.Хаим Абраванел
Лимонадџија во старата битолска чаршија

Алберт Кан, фи­нан­си­е­рот на оваа збир­ка на фо­тог­ра­фии од цел свет, бил убе­ден де­ка су­ди­ри­те и вој­ни­те се ра­ѓа­ат за­ра­ди тоа што лу­ѓе­то не се поз­на­ва­ат ме­ѓу­се­бе, од­нос­но не ги поз­на­ва­ат кул­ту­ри­те и тра­ди­и­ци­те на различните на­ро­ди.
За­тоа Ал­берт Кан ре­шил це­ло­то свое бо­гат­ство да го на­со­чи во це­лос­но запоз­на­ва­ње на на­ро­ди­те пре­ку пре­циз­на до­ку­мен­та­ци­ја и во 1909 го­ди­на го соз­да­ва “Пла­не­тар­ни­от ар­хив”, кој ќе би­де све­дош­тво за жи­во­тот на зем­јата во по­че­то­кот на 20 век. За да соз­да­де до­ку­мен­та­ци­ја за Пла­не­тар­ни­от архив Кан ис­пра­тил 50 фо­тог­ра­фи во ис­то тол­ку зем­ји во све­тот, а ме­ѓу из­бра­ни­те би­ла и Ма­ке­до­ни­ја. Во Ма­ке­до­ни­ја Ал­берт Кан во 1912-1913 го­ди­на ги ис­пра­тил фо­тог­ра­фот Ав­густ Ле­он и Жан Брин, но­си­тел на Ка­тед­ра­та за ет­но­ло­ги­ја на Фран­цус­ки­от ко­леџ .
Во 1912-1913 го­ди­на, вре­ме ко­га Ма­ке­до­ни­ја бе­ше кр­ва­во бо­иш­те на пресмет­ки ме­ѓу бал­кан­ски­те на­ро­ди, ко­га го до­жи­веа сво­е­то рас­пар­чу­ва­ње и ко­га се из­не­ве­ре­ни неј­зи­ни­те иде­а­ли за на­ци­о­нал­на са­мос­тој­ност и др­жавност, Ле­он и Брин па­ту­ва­ат низ Ма­ке­до­ни­ја и ги сни­ма­ат фо­тог­ра­фи­и­те. Но, во нив­ни­те фо­тог­ра­фии не се чувс­тву­ва тоа бур­но вре­ме за­тоа што зада­ча­та што им би­ла да­де­на од Кан би­ла да се за­поз­нае на­ро­дот што живее ту­ка и не­го­ви­те оби­чаи, а не све­дош­тва­та на кр­ва­ви нас­та­ни што е спро­тив­но на не­го­ва­та на­ме­ра – да се по­чи­ту­ва­ат на­ро­ди­те ме­ѓу се­бе пре­ку уба­во­то што тие го има­ат ка­ко сво­ја тра­ди­ци­ја.

Еврејско маало Јеудихана

Битолчанка еврејка со модерна европска облека
Објект заедно со Ески, Сингур Чауш џамија во Овчји пазар
Девојки облечени во смилевска носија
Поглед од река Драгор према Саат кулата во Битола