На Пелистер немало Планинарски дом, оттаму и напорот да се подигне, па и тој да придонесе за развојот на туризмот. По долги договори, мачен труд да се обезбедат средства, дошол и тој ден, да се постави камен-темелникот. Во присуство на годем број љубители на планинарењето, претседателот на Туристичкото здружение од Битола, Никифор ]евтиќ, и општинскиот инженер Методија Петковиќ, на 24 јуни 1938 год. се случил и тој настан.

Изборот на местото за домот падна врз Бегова Чешма, кое се наоѓало на надморска висина од 1400 метри. Домот требало да располага со 175 м2 корисна површина, да има три спални, чуварска соба, сала, трпезарија, шпајз, подрум и сушилница за измокрените алишта на скијачите. Според пресметките, изградбата требало да чини 78.000 динари и се очекува истиот да биде предаден за користење за релативно краток временски интервал, за два месеца…

Калеидоскоп проф. Александар Стерјовски