Проектот “Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер” го спроведува CeProSard во соработка со НП Пелистер. Овој проект е дел од Програмата за подобри заштитени подрачја финансирана од ЕУ, а ја спроведува УНДП во соработка со МОEПП.

Мечките во Македонија се заштитен вид. Забрана за лов постои од 1996 година, кога е евидентирано нагло опаѓање на бројот на примероци од ова животно. Според податоците од Сојузот на ловџиите, во земјава се регистрирани околу 160 мечки. Ги среќаваме во националните паркови Галичица, Маврово и Пелистер и во околината на резерватот Јасен. Често се случува мечка да се симне од планините во селата во потрага по храна. Најчеста цел на мечките, кои се љубители на медот, се пчеларниците