Бабa Џишкa или Ленка Катерина Џишка е жената која самостојно и макотрпно го изгради првобитниот изглед на црквичето 40 маченици на Кркардаш.

За баба Џишка не се знае многу, живее само во сеќавањата на постарите баирчани како жена голем добродетел која цел живот живее сама и не остава челад како нејзино поколение.

Надгробна плоча, непознат извор

Спомената е во романот на битолскиот писател Владимир Костов „Црквичето 40 маченици“ каде тој го опишува патот низ кој таа минува низ метаморфоза и од блудница, – антиципирајќи ја блудницата на Сартр, достојна за почит – ја доживува почитта на битолчани, градејќи го црквичето кое станува едно од светилиштата во градот, подеднакво сакрализирано од сите граѓани, без оглед на нивната конфециска припадност.

Сегашниот изглед на црквата е дело на градежна фирма од локален битолски бизнисмен и веќе неколку години се отплаќа за неговата градба од средствата кои се собираат на првиот ден од доаѓањето на пролетта, или по наше за Кркардаш…

Затоа нека ни е за многу години, утре и другиден да си го посетите ова свето место и да запалите свеќа за здравје…