Вчера во училиштето “Гошо Викентиев” во Кочани се одржа шестиот по ред натпревар “Лидер на струка 2019”. Натпреварот е во организација на Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука.

На натпреварот зедоа учество околу 50 натпреварувачи од училишта каде се изучува електротехничката, машинската и сообраќајната струка. Тие се натпреваруваа во теоретски дел и практична задача.

Од училиштето Ѓорги Наумов Битола учествуваа четворица ученици, по двајца од електротехничката и машинската струка и постигнаа одличен успех:

– Петар Илиевски, техничар за компјутерско управување, 5 место, ментори Петар Бошковски, Ѓеорги Ташковски

– Антонио Христо Дуковски, машински техничар, 2 место, ментори Елизабета Трајковска, Зоран Никлевски

– Томче Ѓорѓиевски, електротехничар енергетичар, 7 место, ментори Владо Тасевски, Ацо Илиевски

– Ангел Насев, 1 место, електротехничар за компјутерска техника и автоматика, ментори Јани Сервини, Пеце Петров

Според постигнатите резултати од сите натпреварувачи од електротехничка струка, ученикот Ангел Насев освои најмногу поени и е прогласен за ЛИДЕР НА ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКАТА СТРУКА 2019.

Извор ТУКА