Изминатиот викенд се одржа Мото-крос трката во Прилеп, Лагово. Нашиот најмлад натпреварувач, Антонио Дамјановски, поради недоволно млади возачи за такмичење во класа 85ццм, беше приморан да се натпреварува во класата МХ-3 и го освои третото место.

Се натпреваруваше со мотор од 85ццм, против ветерани кои се натпреваруваат со далеку по моќни мотори од 250 и 450ццм
и моментално е единствен млад натпреварувач во Македонија, има 12 години и дава ветувачки резултати за во иднина. Се надеваме дека ќе продолжи така и ќе го видиме во уште подобро светло следната сезона во натпреварите на Балканскиот Шампионат!

-Михаил Бајовски, нашиот втор возач, не се натпреваруваше поради тоа што сеуште немаме обезбедено мотор, па во овој период максимално се труди да помогни околу напредокот на младиот Антонио!

Хамачи Екстрим Битола