Американската женска болница на Црвениот Крст во Битола…

image

Се наоѓала непосредно до градскиот часовник.Била една од неколкуте згради во Битола кои не биле мета на страшните и непрекинати гранатирања и останала целосна послем Првата Светска Војна.Меѓу повредените  кои се лекувале во неа имало и од двете страни.Германци и Бугари како и
Французи и Срби.Затоа можеби останала нечепната а покрај неа сигурно куртулила и Саат Кулата за време на WWI.

image

Болницата била позната по својата беспрекорна голема хигиена надалеку на Балканот и тоа во време кога владеел тифусот,ја викале “Flyeless” без ниту една мува!

image
Болницата располагала со 65 кревети, под покровителство на американскиот Црвен крст.Д-р Регин Флуд Киз, директор на болницата и неговата блиска роднина д-р Френсис Мабел Флуд Хит,заедно со две медицински сестри од нивната мисија и корпус од локалните соработници го направија угледот на најуспешната болница на Балканот.Тие работеле под многу тешки услови,многу работни часови, без затоплување,јаглен и многу малце храна.
Дење и ноќе беа соочени со раните од војната и смртоносните епидемии,занемарувајќи ја опасноста која демнееше по нивните животи,се со цел да му се помогне и на ранетите и на тогашните болни битолчани…