Компониравте едни од најопеаните македонски народни песни со што докажавте дека на тој што музиката му се раѓа во душата не му се потребни ноти:

Пеев староградски песни со чалгии, во живо од Радио Битола. Ми се случуваше преку ноќ да компонирам песни. Но, кога се јавив во редакцијата да кажам дека ќе пеам своја песна, сите се потсмевнаа зашто јас до ден-денес не знам ноти. Немам музичка школа.

Тогаш ја напишав песната „Сношти те, Маре, сонував, на сон те, Маре, бакнував“, половина на македонски, половина на турски. Но, морав да бидам ага со лага, па им велев тетка Маре од Буково ми ја даде, па чичко Борис од Новаци итн. Признав дека јас сум авторот на песните откако првпат ја испеав „Битола мој роден крај“.

Во времето кога Ацо Станковиќ беше директор на радиото беше толку голем другар што морав да му признаам. Нему прв му ја испеав „Битола мој роден крај“. Беше одушевен и одлучи да ја испеам на еден концерт пред театарот, на еден државен празник. Ете, тогаш првпат битолчани го слушнаа тој рефрен. Публиката аплаудираше од на нога.

Исечок од интервју со Ајри Демировски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here