Адам и Ева од Офицерски

Раскажувајќи за својот работен век, Вангел Атанасовски Ѓуш не го заборава и детството, палавите roдини од безгрижното детство. Се сеќава на огромниот топ што 6eшe поставен пред Офицерски дом.
Беше тој навистина огромен топ.

Немаше затворач и ние децата се криевме во неговата долга цевка. Можеби беше долга пет метри, а многу широка. Битолчани, не знам зошто го викаа Адам и Ева. Кога еднаш игравме во топот, слушнавме силна експлозија-се сеќава Ѓуш. До експлозија дошло кога се запалил воениот магацин, што се наоѓал на местото од стадионот. Набргу магацинот изгорел.
Војската го сврти Курделес за да го гасне, ама не успеа да го изгасни, изгоре цела муниција. Од експлозијата на некоја голема бомба сите прозорци во Битола беа искршени. Тогаш дуќаните сами се отворија. Останаа без стакла.
Џепането изгоре на трет ден Велигден во 1923 г.

Исечок од непознат весник…