За Бабам Битола раскажува Томислав Османли:

“Контактот на Ајри Демировски со Ацо Станковиќ со текот на годините беше изгубен, меѓутоа и кај двајцата останаа топлите чувства. Мојот тест Ацо Станковиќ со кого делевме иста професија и исти наклоности (новинарството, литературата), со топлина ми зборуваше за Ајри, но никогаш не ми ја спомна сопствената заслуга за неговата афирмација преку Радио Битола чиј сподвижник, токму како прв директор на Радиото бил тој.

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Од друга страна, еве една илустрација за взаемните чувства што Ацо и Ајри еден за друг ја негувале, и која – низ една сосем необична случка – ја приреди најдобриот драматург, животот:Ацо Станковиќ почина во март 1993 година. Патувајќи, година-две по тој траурен настан, со мојата сопруга Снежана Османли, ќерката на Ацо и со уште три-четири парови пријатели, летавме на туристичка посета во Истанбул. Како дел од поголема група и мојата сопруга и јас, во авионот добивме блиски, но различни седишта. Додека јас седев, во истиот ред, но од другата страна на авионскиот пасаж, Снежана беше сместена покрај еден сериозен повозрасен човек со кого во текот на летот од Скопје за градот на Босфор, започаа муабет. Наеднаш Снежана се сврте кон мене и тивко ми рече: „Не ми се верува!“. „Што е?“, ја прашав, но таа ми даде знак дека ќе ми каже подоцна, се сврте одново кон соговорникот и го продолжија разговорот. Беше тоа Ајри Демировски, на враќање од Битола. Ѝ кажал, дознав подоцна, дека е битолчанец, и збор по збор стигнале до тоа кој е тој, која е таа (мојата сега покојна сопруга беше исто така родена битолчанка), чија ќерка е и тогаш настанало големото изнадување:

„Знајш чупе колку го сакав татко ти! Беше појќе од другар!“, и рекол и ѝ објаснил дека тој е заслужен за снимањето на „Битола, мој роден град“!

Не знаел дека Ацо Станковиќ беше неодамна починат. Додека ги чекавме багажите, Ајри Демировски ни се доближи, се запозна со мене како и со останатите наши пријатели и сопатници и не покани на ручек во ресторан, „во знак на сеќавање на Аца“, рече.Беше тоа понуда што барем мојата сопруга и јас не можевме да ја одбиеме. Тој инсистираше дека сака да не угости сите, целото наше друштво. До ресторанот отидовме со неколку такси-возила. Снежана и јас се возевме со Ајри, останатите до таму не’ следеа според претходно дадените иснтрукции на нашиот љубезен домаќин…

Така имавме чест, мојата сега исто така покојна сопруга, јас и нашите пријатели уште понепосредно, низ долгите раговори за Битола која толку многу му значеше и нему (и нам!) да го почувствуваме не само топлото и штедро гостипримство, туку и исклучителната личност и човекољубивост на благородниот битолски минстрел Ајри Демировски, моќта на Битола и силата на човечката почит и на неизбледените другарски емоции!

Не е случајно што и денес ми се стега грлото кога се сеќавам на таа средба исполнета со драгите луѓе, но и со дел од вредностите кои веќе ги нема.Во прилог Ви го испраќам текстот на интервјуто на Ајри за Дневник, делот кој се однесува на Ацо,

… заедно со факсимили од „Нов ден“ едно од раните македонски литературни списанија со кои Ацо Станковиќ редовно соработуваше, како и уште четири фотографии на Ацо Станковиќ првиот директор на Битолското Радио, со дел од неговите колеги.

Со почит,Томислав Османли

https://www.babambitola.mk/aco-stankovich-mala-galerija-i-raskazuvanja/

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here