Препознатливоста на пиење
кафе на „Широк Сокак“
(синтагма која за старите генерации и стари градски фамилии претставувало „вулгаризирање“ на оваа улица и губење на духот на градот што го имал),кај младите генерации и генерации кои подоцна се доселиле во градот претставува место каде може да бидеш “виден.“
Со оваа трансфомација во секојдневието кое изгледа како едно големо семејство, со задоволство се споделува денот и се дознаваат новите случувања во градот.Тоа не се само озборувања, тоа не се само политички поделби во која партија се припаѓа туку и живеење со  секојдневните проблеми на граѓаните.

image

Секојдневието во оваа улица проследено во еден ден(пешачко движење во едно деноноќие) започнува со работното време на луѓето.
Припремањето на кафулињата и кафеаните со утринско чистење и
очекување на гостите.Како што забележуваат луѓето на оваа главна улица има т.н. „сатница“ се знае во кое време, на кои места од која старосна структура седнуваат, што кореспондира со етимологијата на поимот „корзо“ (место во градот каде што се собираат пешаци во определено време).
Во утринските часови почнувањето со утринското кафе е на постарите луѓе кои се поздравуваат меѓусебно и си посакуваат добар ден.
Потоа се луѓе кои користат пауза од работа или приватни „бизнисмени“
кои ги започнуваат своите утрински работи.
Најголемата фреквенција и динамика е во првата зона каде се кафулињата и најголема е посетеноста од младите генерации кои почетокот на денот го имаат по 12 часот.
Во тој период се создава голема врева од музика и метеж. Излегувањето на младите во ова време претставува една модна ревија на облекување и комуникација со првото кафе, споделување од вечерните излегувања, договарања за тоа каде ќе се оди таа вечер и што има ново денес. Тешко е да се најде слободно место.
Во пладневните часови сè уште се кафулињата полни, но динамиката на движење се намалува, луѓето се брзаат по работните часови да отидат дома.
Повторното излегување во попладневни часови, најчесто се семејни излегувања. Во вечерните часови повторно голема динамика и
движење на младата популација. Тогаш покрај музиката од музичките системи има и организирани вечери со гостувања на диџеи или „жива свирка“.
Замирањето на оваа секојдневна динамика е по полноќ.
Интересно е да се забележи дека динамиката на движење зависи и од деновите во неделата.Во сабота и недела во претпладневните часови има повеќе фреквенција, што не е како секојдневното движење во текот на работната седмица.

извадок од текст на
Наде Генеска-Брачиќ