Денес се навршуваат 40 години од Деновите на филмската камера-Милтон Манаки денес Интернационален филмски фестивал на кинематограферите Браќа Манаки.

Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“ е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери. Започна во 1979 година по иницијатива на еден од главните основачи – Друштвото на филмските професионалци на Македонија (кое годинава ја одбележува и својата 65-годишнина),а во соработка со градот- домаќин Битола и Кинотеката на Македонија.

Основан е во чест и како инспирација од пребогатиот фотографско-филмски опус на браќата МАНАКИ: Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964, кому воедно годинава му одбележуваме и 135 години од раѓањето). Со тоа природно биле удрени темелите на идниот фестивал, во градот под Пелистер, Градот на конзулите – Битола, каде што браќата Манаки имале фотографско студио и кино.

На почетокот замислен како Манакиеви средби, а потоа и фестивал на филмската камера на eксјугословенските кинематографери, фестивалот растеше со голем потенцијал, а по независноста на Република Македонија, прогласена на 8 септември 1991, прерасна во Интернационален фестивал на светските кинематографери, чии играни филмови се во конкуренција за трите фестивалски награди: Златната, Сребрената и Бронзената камера 300.

Така, Битола стана мека на најдобрите светски директори на фотографија, откривајќи многу нови таленти кои денес важат за врвни уметници на филмската фотографија и кинестетика, закитени со наградите на нашиот фестивал, а паралелно овенчани и со славата на оскаровци кои низ годините шетаа по улиците на Битола, која ја сметаат за свое уметничко гнездо.

Фестивалот е основан во чест и инспириран од изобилниот фото / кинематографски опус на браќата МАНАКИ: Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964).

Честито и долговечно.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here