Списокот е нормален, искрен и напишан од битолчани според потребите. Ќе го оставиме под елката и сѐ надеваме дека Дедо Мраз или битолската Мразица ќе го земи и прочита, ќе ни ги оствари сите желби кои ги имаме и ќе се запише во убавата градска историја. А тука сме и ние и заедно ќе поможиме:

  • ЧИСТ ВОЗДУХ (без него се друго во списокот е џабе)
  • -Почеток на проект за изградба на автопат од Велес преку Прилеп до Битола па се до Меџитлија;
  • Копанки да се врати;
  • 100 илјади луѓе како што се проценуваше;
  • Катна гаража;
  • Заобиколницата да профункционира;
  • Стадионот да се заврши;
  • Полигон;
  • Битолчани да се обединат, доста само очите да си ги вадат;
  • Канцеларии за здруженија;
  • Затворен базен;
  • Современ дијабет центар;
  • Филтри на оџаците во РЕК;
  • Шопинг центар;
  • Автопат до грчка граница и поврзување со автопатот Ники-Лерин;
  • Дореконструкција на железницата до грчка граница;
  • Поврзување со гасоводот кој се гради кај Лерин;
  • Реконструкција на излезот кон Прилеп/Скопје до петљата кај Крклино;
  • Реконструкција и проширување на излезот до излезот кај Лук-Оил во правец Ресен-Охрид;
  • Пречистителна станица за отпадни води кај 5-от канал;
  • Реконструкција на Офицерски Дом (со фисибилити студија за неговата намена и енергетска самоодржливост)
  • Дедо Мраз да се чуе со еден човек од политиката кој го вети тоа пред скоро една година!!!!
  • Задоволство и насмевка на лицата на битолчани;

Извор https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1570207473058264&id=150325515046474

Фото непознат автор