Битолски Еурофарм Работник ќе се приклучи во натпреварите од европските купови во ноември, а за да дојде до групната фаза во Купот на ЕХФ ќе мора да го помине швацајцарски Берн.

Берн веќе се прослави во ЕХФ Куп со тоа што го елиминираше рускиот Спартак Москва. На првиот натпревар во Москва загубија со пет разлика, дома победија со шест.

Првиот натпревар ќе се одигра во Битола на 17 или 18 ноември, додека реваншот ќе биде во Берн една недела подоцна.

РК Еурофарм Работник