По дуелот на ветераните на Пелистер и македонската репрезентација, Битола се подготвува за уште еден спектакл. Долго подготвуваниот натпревар во чест на завршувањето на кариерата на поранешниот репрезентативец, Бранислав Ангеловски ќе се одигра на 28 октомври во 18.30 часот во спортската сала „Младост“.

Ангеловски во јуни оваа година ја донесе одлуката да ја заврши дводецениската кариера вo 40. година од животот. Битолчанецот со месеци го подготвува спектаклот, кој го закажа во својот роден град и за противник го покани својот матичен клуб, битолски Пелистер.
Ангеловски и пријателите ќе биде избран тим од соиграчи во кариерата во клубовите и репрезентацијата на поранешниот бек на националната репрезентација, а ќе излезат на мегдан со актуелниот тим на лидерот во Суперлигата, Пелистер, воден од Стевче Алушовски.

Повеќе на http://www.gol.mk/rakomet/branislav-angelovski-kje-se-zboguva-od-rakometot-so-spektakl-vo-bitola-i-protiv-negoviot

Извор и фото Гол.мк