Old memories from Bitola

… И сега,дури по пет децении сеуште го паметам Широк Сокак со Папакоч на ќошот каде задолжително ја правевме нашата заедничка фамилијарна фотографија…
Јас,мајка ми,татко ми и брат ми…
Или јас и брат ми.Иако некаде зафрлена,сеуште пред очи ми е позата од нашата заедничка фотографија направена кај Папакоч,од времето на нашето детство.Тој помал,онака убав,со русо перче од косето,кренато нагоре и измазнето со ливанто,со рачно исплетен џемпер и со рацете во џебот,шизик.Крцка од убавина.Косето кренато нагоре,со детско озбилен поглед,очите вперени во апаратот што стои на три ногари.Едното раче го ставил во џебот,со другото мене ме придржува.Панталоните сиви,испеглани на цакса,конте наконтено…
Под џемперчето сива боја,рачно исплетено,кошулче со вратоврска,маже.Ти се чини ќе зборни…
Јас повисока од него,со штотуку паднати млечни заби,озбилна,без насмевка,за да не се види дека ми недостасува некој заб.Со фустанче сива боја,поткусено,сошиено од мајка ми,а на ракавите и околу јакната тантелче.Во едната рака држам кошница со вештачки цвеќиња,задолжителен декор од фотографскиот дуќан на Папакоч,онака за да изгледаме некако посвечено.Косата тазе измиена зафатена во прцле со машничка…
И двајцата гледаме во апаратот и чекаме да излета пилето….
Фотографија која сигурно е направена во сабота и послем овај овековечен настан родителите не однеле на…(продолжува)

Гордана Такец “Од мојата душа”