Сребро за иднината на битолскиот женски ракомет !

Пионерките на Пелистер по одличното полуфинале против Куманово, изгубија во финалето од екипата на Металург и го освоија второто место. 🥈

Иднината на женскиот ракомет со сребрен медал го закити вчерашниот фајнл фор во пионерска конкуренција во Македонија . За најдобар играч на фајнл форот е прогласена Ангела Јанкуловска .

Благодариме на сите посебно на љубителите на ракометот во градот кои дојдоа во голем број и ни дадоа огромна подршка во текот на целиот турнир .

Честитки за девојките, тренерите и управата на клубот за постигнатиот успех !