Ракометарите на Пелистер забележаа нова победа во домашната Суперлига, откако во првиот натпревар од 14. коло го совладаа Прилеп во спортската сала „Младост“ во Битола со 35-28 (16-17). Ова е 11-та победа по ред за екипата на Стевче Алушовски, со што уште повеќе ја зголеми предноста пред останатите конкуренти воочи мечевите на Еурофарм Работник, Охрид и Пролет. Прилепчани го претрпеа седмиот пораз, откако вчера го запишаа четвртиот триумф со подобрата игра против Борец. 

Извор Гол.мк