РК Пелистер е клуб со богата ракометна традиција. Формиран е пред 1955 година како втор битолски ракометен клуб, после “Работник”.

Меґутоа, тогашните ракометни работници во градот набргу сфатиле дека со постоењето на два клуба се разводнува квалитетот, па “паднала” одлука за нивно спојување во РК “Пелагонија”. По извесно време клубот ro сменил името во РК “Пелистер”,
за да сите овие години бележи континуиран развој.

Во изминатиов период боите на клубот ги бранеја повеќе генерации ракометари, меѓу кои и многу репрезентативци, интернационалци и секој на
свој начин оставил белег во клупската историја. Оттаму неблагодарно е кон останатите да се издвојуваат поединци.
Покрај успесите на домашен план, Пелистер е успешен и на меѓународната сцена, или попрецизно кажано, најуспешен машки ракометен клуб во Републиката.

Текст и фотографии од брошура за РК Пелистер 2002 година