Сите дечиња имаат право за Нова Година да бидат среќни и да добијат подарок од Дедо Мраз. Па оваа година имаме можност да бидеме вистински Дедо Мразовци за дечињата од социјално загрозени семејства.

Ајде заедно 21 декември од 10 до 18 часот ,,ДА ЈА ПРЕТВОРИМЕ БИТОЛА ВО НАЈУБАВА НОВОГОДИШНА БАЈКА‘‘.

ЛОКАЦИЈА: Летна Бавча хотел ,,Епинал‘‘

ЦЕЛНА ГРУПА ЗА КОЈА ЌЕ БИДАТ НАМЕТИ СРЕДСТВАТА: Социјално загрозени семејства, купување на пакети со храна.

Право на учество ќе имаат преставници на мали, средни, големи претпријатија,занаетчии кои изработуваат (накит, колачи), слаткарници,винарии, продавници за украси, доколку немаат готов производ може и само ваучер за услуга, здруженија на граѓани, училишта, градинки, факултети.

Програма на настанот:
 10 часот започнување на базарот секој учесник сам си го мести својот штанд,маса и го украсува по желба
 11 часот Изјави за медиуми
 12 часот настап на детски хор ,,Детска програма‘‘
 13 часот Тркалезна маса на тема: ,,Сиромаштија и фрлањето на храна‘‘
 15 часот Настап на The groove
 18 часот Завршување на Базарот и афтер базар забава во ресторанот на Хотел Епинал се со цел запознавање на сите учесници и вмрежување кое понатаму може да произнесе други соработки.