На 11 Мај се одржа отворено светско аматерско ММА, Граплинг и Џиуџицу такмичење на кое учествуваа преку 140 борци од цел регион и пошироко.Нинџуцу клуб Битола освои 16 медали од кои 9 злата 3 сребра и 4 бронзи со 9 борци кои учествуваа во две дисциплини.Од пријавени 4 ММА борци имавме 3-ца светски аматерски ММА прваци.Филип Божиновски повторно ја докажа својата класа со двојно злато во ММА и Граплинг.Игор Додевски беше рекордер по борби со свои 7 борби на едно такмичење и демонстрира врвна физичка форма.Андреј Шулевски е најмладиот македонец кој дебитирал со победа во ММА со свои 13 год. со завршница полуга на рака.Сите други кои се бореа во граплинг и џиуџицу исто така беа на врвно ниво за кое се подготвуваме напорно.https://youtu.be/UHLbsTHbr00