1.Битолчани од неверување сами ќе си маваат шамари, за да се сигурни дека сето ова е вистина и не сонуваат!

2.Ќе се бара психијатар повеќе на кој ќе му се раскажува дека нешто се случува со нас и ул. Климент Охридски ја видовме со асфалт!

3.Внимателно ќе се допира асфалтот и ќе се стапнува на него со големо воодешување, за секој случај да не не е вистински!

4.Со возила нема да се вози се додека нема да има официјално соопштение дека е безбедно за возење и дека улицата е наменета и за возила.

5.Ќе има голема кампања “Возиме по Климент” сѐ со цел да се разбие скептичноста на битолчани, рекламни спотови, флаери, сликање, профилни рамки на фејсбук и сл.

6.Ќе има голема забава, со жива музика, свирачи, труби и тапани, ќе се полива асфалто со пиво и вино се со цел да трае подолго, за аирлија и бериќет. Како изненадување на забавата по шарени бермуди, бели чорапи и чик влечки ќе се појави почитуванио Владо Јаневски!

7.Секој ќе сака да се слика и тагни на тоа место, да прошета и да го повози својот автомобил.

8.Ќе се апдејтира фамозната изјава на еден жител од едно битолско село “Дека пато е асфалтиран МАСОВНО”.

9.Овогодинешната “Бела Ноќ 2019” ќе се одржи баш тука на оваа улица!

Замислете, сето ова ни се случува во 21 век!