Како битолчани една од нашите главни одлики со која од другите во Македонија се разликуваме е нашиот специфичен битолски говор,кој моментално е подзаборавен.

Битолскиот говор е сублимација од македонски,турски,влашки,еврејски,ромски,албански искричења и метафори кои заедно и меѓусебно де поврзани и се добива една совршена слика за духот на Битола во одреден период на богатата историја,збогатен со унгарски,германски и француски термини како спомен од нивното влијание во Битола за време на двете светски војни,како и од новите зборови од повратниците печалбари.

Ова е вториот дел на едно поглавје од рубриката “На битолски…”која и вие како битолчани имате можност слободно да надополнувате со цел истиот тој да се запамти и не заборави…една од поголемите желби на Такецо кој и прв во нашиот град го започна и објави битолскиот зборен фонд од посебен градски жаргон, како некаков таен код кој е наменет за употреба во посебни прилики…
Ете го натамошното абецедарско продолжување на хармоничната мелодичност на битолскиот говор : на буквата “К” и “Л”
“Еден наш работник, во летото на 1937-та, се женеше. Татко ми му подари костум и чевли за свадбата. Тогаш ретко кој одеше на свадбено патување и од побогатите, а за работниците не станува ни збор. Во понеделникот, уште рано рано, младоженецот дојде во работилницата. „Што бе толку рано ја остави невестата, уште благата ракија неиспиена“ … го прашаа другарите, „туку како и помина првата вечер?“ „Ама куфери“, рече среќниот младоженец. Тогаш за прв пат слушнав дека женскиот задник може метафорично да се нарече „куфери“. 
Значи продолжуваме со буквата „К“ и натаму: кабардиса-набабри, кабул-иницијатива, кадро-слика, кандиса пристана, кабает вина, карпус-лубеница, кијамет незгода, касела-дрвен сандак за облека, килав-недоносен, касканџија-завидливец, камен пари, капан, пандис-затвор, к’не непопустлив, догматичар, кенцало-наметливко, керетсе, денди-градежен материјал, кикиритка-женски полов орган, копито-род (понижувачки), копук сиромав, курбан-жртва, курле неканет гостин, курназ-итар, куроса-излажа, куфери-женски задник, коџаа-прилично, кондиса -заседна, кроткоебец-пуштач вода под рогозина, вапуш-човек без достоинство, лезет-сласт, задоволство, лемну-лесноумен, лефкоса-украде, ломотење-зборување штогоде, лoпатка-рака. ”
Извадок од монументалното дело на Д.Д.Такец “Перформансите на Широк Сокак”

Фото непознат извор