“Еден од најскапоцените предмети за мене, ако сакате. Ова е мезуха од куќата на моето семејство во Битола, Македонија пред Втората Светска војна само што го видов за прв пат минатата недела. Истото остана на домот од мојата фамилија која успеа и му побегна на нацистите. Нашиот пријателски сосед ја пронајде и ја зеде и задржа мезухата и му ја врати на моите роднини по војната.”- ни раскажа Сара Ароесте ладино музичар со потекло од Битола од познатата голема еврејска фамилија Ароесте/и.

Заштитникот на домот на фамилија Ароесте

Мезухата е еден вид на заштитник на домот на домаќините од еврејските семејства. Во нејзината внатрешност се става лист хартија на кого се испишани неколку псалми од нивната Тора (света книга) каде претежно фигурира Бог како заштитник на домот и луѓето кои влегуваат и излегуваат од него. Се поставува на самиот влез од домот во висина на очите и под агол од 45 степени. При самиот влез и излез се допира и се кажува молитвата која е напишана на писмото кое се наоѓа внатре.

На 21 август 2018 во 20.30 ч. Во Завод и Музеј Битола познатата ладино музичарка Сара Ароесте  ќе одржи концерт. Влезот ќе биде бесплатен.

Повелете драги битолчани…