Православните верници денес го празнуваат свети Ѓорѓија.Овој ден, освен како семејна слава, се празнува и како именден и како слава на цели села и градови.

На иконата Св. Ѓорѓија е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја која е под копитата на коњот. Приказот на свети Ѓорѓија како ја убива ламјата е заснована на популарна легенда во христијанската митологија. според легендата Св. Ѓорѓија ја убил ламјата што на народот му правела голема штета.

Манастири и цркви св.Ѓорги во Битола и битолско

Bo Магарево има прекрасен манастир посветен на Св. Ѓорги 1871 г. Ѓурѓовден е една од славите на селото. Повеќе фотографии тука

Свети Ѓорѓи — македонски православен христијански црковен храм во селото Вашарејца во Општина Могила недалеку од Битола. Црквата е сместена е на ридот над самото село и железничката пруга. Посветена е на светецот Свети Георги Победоносец чиј патронен празник на 6 мај е и селска слава на Вашарејца. Повеќе тука

Св. Ѓорѓија — археолошки локалитет во битолското село Бистрица. Локалитетот претставува базилика од старохристијанско време. Се наоѓа во дворот на селската црква „Св. Ѓорѓи“, непосредно до нејзината северна страна.
Повеќе тука

Црквата Св.Ѓорѓи во село Цапари е голема трикорабна црква изградена во 1888 година. Брзо по нејзината изградба таа е осликана од браќата Радеви од Лазарополе (Јаков и Јосиф). Особено импресивен е јужниот влез во црквата со насликаните претстави на архангелите Михаил и Гаврил.
Повеќе тука

Св. Георгиј во с. Велушина
Неполни 2 км. западно од селото Велушина, на едно возвишение од каде се гледа целиот јужен дел од Пелагониската котлина е сместен манастирот Св.Георгиј. До манастирот води тесен асфалтен пат, што овозможува многу добра комуникација со селото и претставува причина повеќе при престојот во Велушина
да не се пропушти оваа локација. Во комплексот се влегува низ големата манастирска порта, вклопена во приземниот дел на конакот, изграден јужно од
црквата. Храмот Св. Георгиј претставува релативно мала трикорабна градба поставена
кон средината на манастирскиот двор. Повеќе тука

Виртуелна прошетка тука

Црквиче св.Ѓорги с.Маловиште. Фотографии тука