Денес рано наутро снегот  многу не израдува. Заради тоа се одлучивме да одиме некаде поблиску на луфтирање и санкање. Отидовме Ниже Поле. Таму имаше повеќе од дваесет граѓани. Децата им се лизгаја со санки, тие си пиеја чајче и си уживаја во чистиот воздух на само 15 минути и 10 км. од Битола. “Бачилото” (чајџилницата) затвори кај 16.00 ч. а веќе уште битолчани пристигнуваа горе. Кој од после работа, кој од радозналост што се случува, сите различно. Не останаа многу, веднаш си заминаа и тие. Почна да дува и немаше каде барем на миг да се засолниме. Сакале, нејќеле си заминавме и ние дома. Ако работеше бачилото ќе си се лизгавме до вечер. На само неколку метра од тука тече река, вода има во изобилство, тек ако имаше и снежни топови, под рефлектори, денес кузнај шо ќе се дешаваше тука…

Коњчињата си пасеја горе да ридчето…