Кафе, локум и вода. Во поранешната Дембел чаршија денот започнувал со кафе, локум и вода. Во локалните меани и кафеани лоцирани на делот кај сегашниот суд легендата вели дека по пиењето на кафето се вкусувал локумот кој се макал на кратко во водата. И на крајот доаѓала малце зашеќерената вода од локумот. Таков бил тертипо тогаш. Мераци…