​Кратко интервју со Стефан Дрогришки. Битолчанец во ракометната репрезентација на Македонија.Роден на 09.09.1994 г.(22 години) во Битола.

Б.Б.Какво е чувството да си дел од едно големо светско првенство?
С.Д.Да се биде дел од едно светско првенство е голема сатисфакција за мене бидејќи сум уште релативно млад играч и секако е огромно искуство и иcчекор во мојата ракометна кариера.

Б.Б.Како битолчанец, каква е дружбата со останатите членови од екипата ?
С.Д. Одлично сум прифатен тука кога станува збор за репрезентација и нема поделби туку сите сме како едно.

Стефан Дрогришки, репрезентативец на Македонија

Б.Б.Дали битолските навивачи придонесоа многу во поддршката за Репрезентацијата?
С.Д.Битолските навивачи се дојдени во навистина голем број и навистина можи само да му се заблагодариме и да му честитаме за безрезервната поддршка која ни ја даваат како мене така и на цела репрезентација.

Стефан во акција

Б.Б. Дали би дал еден убав гол посветен само за Битола и битолчани?

С.Д. Секако дека би посветил еден гол за мојот роден град

Б.Б.За крај дали можи мал поздрав за градот твој и граѓаните кои те подржуваме?
С.Д. Ете ако постигнам гол со Норвешка првиот нека биде за Битола и битолчани!

Вистински битолчанец, секоја чест. Му посакуваме голем успех во кариерата и добар пласман за Светското првенство во Франција. Само напред и среќно!