По серија на песимистички вести и молк, конечно оптимизам ја облеа Битола воочи влезот во Нова година. Клубот во вториот дел од сезоната ќе го води Општина Битола како единствен акционер, а експресно во првите денови од 2018 година треба да биде именуван новиот тренер и серијата на засилувања.

Mарјан Секуловски е најголем кандидат да го преземе кормилото на клубот, откако се врати по успешната работа на Малдиви. Веднаш по назначувањето на тренер, клубот ќе официјализира серија на нови фудбалери, поголем дел од нив враќања на битолчани во матичниот клуб. Не е тајна дека Пелистер ги сака Ристевски, Маневски, Мустафов, Неданоски и Мирчевски од Победа, преговара со Каланоски и Дејан Цветаноски, најавено е враќање и на Менде Степановски. 

Во втората недела од Новата година, се очекува почеток на подготовките за пролетниот дел од ПМФЛ. Битолчани презимија како деветти во елитата, а подобар скор имаат единствено од Скопје. 

Извор Гол.мк